Македонски камион со приколка бил опожарен синоќа во Бугарија, при што изгореле 16 бали хартија. Камионот се движел во насока кон градот Самоков, а инцидентот се случил на т.н.Самоков пат.
Две противпожарни екипи учествувале во гаснењето на пожарот, а на местото на настанот во моментот се работи на откривање на причините за опожарувањето и утврдувањето на штетите.