„ОПОЗИЦИСКА ЧИСТКА“: Ова се функционерите кои добија „црвен“ од ВМРО ДПМНЕ


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одлучи да ја исчисти својата партија од „мијалковисти“ и „реформисти“. Потпретседателот Николовски ја честиташе новата „криминална коалиција“

Откако во петокот од партијата експресно беа исфрлени седуммината пратеници кои го поддржаа процесот на уставни измени во Собранието, разрешени се и потпретседателот на партијата Митко Јанчев и членот на Извршниот комитет Костадин Богданов. Јанчев и Богданов му припаѓаа на реформското крило на партијата кое се залагаше за гласање против на референдумот и за компромис во Собранието во однос на Преспанскиот договор со Грција.

Во петокот од партијата беа исклучени седумте пратеници кои гласаа за уставните измени: Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Елизабета Канческа Милевска, Нола Исмаиловска, Зекир Рамчиловиќ и Емилија Александрова.

Поранешните високи државни и партиски функционери Сашо Мијалков и Никола Тодоров Централниот Комитет  побара од матичните општински комитети да поведе дисциплинска постапка и да ги исклучат од членство Сашо Мијалков и Никола Тодоров. Понатака, Централниот Комитет побара 8-те пратеници кои што мандатот го добија затоа што беа на листата на Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а го изневерија народот како и Програмата заради која што се избрани веднаш да поднесат оставка на своите позиции, затоа што работат спротивно на волјата на граѓаните, подвлече Николоски .

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1