Опозициските пратеници примија просечни плати


На опозициските пратеници кои ја бојкотираат работата на Собранието вчера им беше исплатена платата, но за две третини пониска од вообичаената. Ако досега платата на пратениците се движеше од 55 до 65 илјади денари, по одлуката на Собранието 42 парламентарци вчера зедоа околу 20 илјади денари. Одлуката за намалување на платите, на пратениците што бојкотираат, Собранието ја донесе откако СДСМ и коалициските партнери јавно соопштија дека по инцидентите на 24 декември минатата година, не се враќаат во парламентот. Hand giving Euro banknotes money

Намалената плата прв јавно ја прокоментира пратеникот од СДСМ и потпретседател на Собранието Јани Макрадули, кој на својот профил на „Фејсбук“ напиша:

„Прв пат од 2001 година добивам плата на 1 во месецот. Секако намалена, и пред Трајко и пратениците да почнат да се ситат, да им порачам: џабе ви е диктатори, на мојата ќерка ништо нема да и’ недостасува во животот“, искоментира Макрадули.

Сепак, со јануарската плата пратениците и од власта и од опозицијата кои не живеат во Скопје и кои за секоја седница патуваат, им беше исплатен заостанат долг за патните трошоци, што Собранието им го должеше од минатата година.

„Со оваа плата беше исплатен долгот за патни трошоци за два месеца од минатата година. Овој долг постапно ќе биде исплаќан, а динамиката зависи од Министерството за финансии“, велат од Кабинетот на претседателот на Собранието.

Утрински весник

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1