Тајно се учи македонски во Грција


“Добар ден, добре дојдовте на овој час“, вака 30 годишниот Кочо од Грција ја поздравил екипата на дневниот весник “Дневник“ на почетокот на вирутелниот час по македонски јазик, објавува весникот.

sajt makedonskiСпоред Дневник, ова е само еден од интернет-курсевите на “Учете македонски онлајн” кои се орфанизирани за Македонците во соседството и дијаспората.

Но, според весникот, виртуелните курсеви за учење на македонскиот јазик во Грција не минува без проблеми.

“Дневник“ објавува дека оние луѓе од Грција кои сакаат да го научат македонскиот јазик, го учат тајно бидејќи се плашат дека може да изгубат својата работа.

-Посебно влијае финансиската криза во земјата бидејќи многу луѓе остануваат без работа. Ако некој е забележан дека нешто право во врска со Македонија и македонскиот јазик, тогаш изложен е на поголема опасност да ја загуби работата“, вели Митко Јованов, основач на проектот “Учете македонски онлајн“.

Курсот често пати бил жртва и на хакери.  Курсот досега го посетиле 69 ученици.

Извор – Дневник

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1