Нема веќе пешки – опозицијата ќе блокира со автомобили


Движењето на отпорот предводено од „Сојузот за иднината“ вчера за последен пат блокираше три раскрсници во главниот град. Следната недела активностите, како што велат од СДСМ, ќе се засилат на територијата на цело Скопје, со организирање секојдневен протестен карван.

protest8„Почнувајќи од недела, во 12 часот, ќе организираме ’Карван на отпорот‘, кој ќе се движи по улиците на цело Скопје. Колоната автомобили, како нова форма на протест, ќе тргне од населбата Аеродром, пред спортската сала ’Јане Сандански‘ и ќе заврши пред зградата на Владата“, најави потпретседателот на СДСМ, Гордан Георгиев.

Активностите на отпорот, предводени од „Сојузот за иднината“, додаде Георгиев, се’ повеќе ќе се засилуваат се’ додека власта не сфати дека „политичката криза мора да се реши со политички договор и предвремени парламентарни избори“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1