Подготвени се бланко извинувања за политичарите. Новинарите денеска со колективно извинување до претседателот на Собранието Трајко Вељаноски и до премиерот Никола Груевски, со тоа на ироничен начин сакајќи да укаже на задушувањето на слободата на медиуми во Македонија.
„Согласно законските одредби му се извинуваме на претседателот на Собранието Трајко Велјаноски затоа што не ги манипулирал резултатите од анкетата за наводните инциденти на 24 декември и истите ги повлекуваме – и инцидентите и резултатите; затоа што доволно не истраживме кој му ја скршил веце шолјата на Дадар; затоа што не го послушавме обезбедувањето на собранието убаво не замоли да ја напуштиме ложата; затоа што во собранието нема маникир за ноктите на пратениците“, рече Чаусидис.
На премиерот му се извинија за секое ненарачано и нетематско прашање на тематска прес-конференција, бидејќи доаѓале на време на прес-конференции и затоа што Македонија падна на најниско ниво според медиумските слободи.
Извинувањата можат да се испратат и на мејл адресата на синдикатот [email protected], а тие подоцна ќе биле проследени до посочените адреси.