Општина Кисела вода забранува кучиња без педигре во зградите


Општина Кисела Вода донела одлука, објавена во службениот гласник, со која на жителите од општината во зградите им дозволува да чуваат исклучиво расни кучиња со педигре! Оваа одлука наиде на жестоки реакции од здруженијата за заштита за животните, бидејќи со ова му се забранува на било кој жител од општината да вдоми улично куче, што претставува типична дискриминација. Неофицијалните информации говорат дека голем број општини веќе ги имаат препишано овие одредби, пишува Фокус.

kisela-voda– Зар само куче со педигре заслужува да има дом?! Сметаме дека со ова се нарушува правото на личен избор на граѓаните, се оневозможува хуманоста и вдомувањето на кутриња кои немаат лист хартија дека се расни, а сепак можат да ја дадат истата љубов како и оние со педигре – велат од здружението ААПЖ.

Здружението Анима Мунди веќе подготвува претставки до Уставниот суд, бидејќи сметаат дека станува збор за одлуки спротивни на Уставот.

– Уставното начело предвидува дека на никој не може да му се ограничи сопственоста. Неповредливоста на домот е правото на сопственост се уставни правило! Со дел од општините успеавме да најдеме заеднички јазик, а за дел чекаме да се произнесат. Ние веќе подолго време работиме на оваа проблематика, поднесуваме свои предлози и амандмани. Кај оние општини кои нема да се произнесат во однос на нашите претставки во кои понудивме и помош околу изнаоѓање заедничко решение, ќе доставиме претставки до Уставниот суд. Имено, оспорената одредба не е добра ниту за поединецот, ниту за заедницата. Поединецот ќе биде принуден да го пушти својот миленик доколку не добие согласност од зградата или доколку нема педигре, а тоа ќе стане и проблем на заедницата, бидејќи ќе се намножи бројот на улични кучиња. Па така, наместо да го решат проблемот, тие би создале нов – велат од Анима Мунди.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1