Зошто западот не му дава ист третман на Крим како на Косово?


Претседателот на Одборот за меѓународни односи на руската Дума го прашал Западот зошто го признал правото на граѓаните на Косово на самоопределување, а истото не им го дозволува на граѓаните на Крим, јавува Војс оф Раша.

rusija ukrainaПушков, во интервју за агенцијата Интерфакс, изјавил дека Западот не смее да го игнорира фактот дека Киев има малку или воопшто нема контрола врз границите на Украина и дека низ улиците на украинската престолнина патролираат ултрадесничарски пронацистички сили, кои носат кукасти крстови, му се закануваат на неукраинското население и ги повикуваат чеченските терористи да им се приклучат во борбата против Русија.

Тој додал дека западните лидери би требало да признаат дека народот во неколку украински градови одбива да го признае легитимитетот на сегашната влада во Киев, дека руски знамиња се веат во Доњецк, Харков, Мариопол, Меритопол, Симферопол и Одеса, и дека во тие градови се одржуваа масовни протести против властите во Киев.

„Ако западните земји ги прифатија „евромајданските“ протести во Киев како израз на народна волја, како можат истото право да им го негираат на жителите на големите градови на истокот и југот на Украина?“, кажал тој.

„Западот треба и да одговори на прашањето зошто го признава правото на народот на Косово, на пример, на самоопределување, а истото право им го негира на жителите на Крим при изразувањето на сопствената слободна волја“.

МКД.МК

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1