Општина Сарај „дарежлива“ кон борците на ОНА


Реакции во јавност предизвика одлуката на Општина Сарај да ги осободи од комуналии поранешните припадници на ОНА кои живеат на таа територија.

Од општината единствено образложуваат дека одлуката ја донел Советот вчера а ќе се формира комисија за да ги регистрира сите поранешни припадници на ОНА. Владата за одлуката на Општина Сарај слушнала од медиумите. Велат дека дополнителни информации за основаноста на решението ќе бараат од општината.

Градоначалникот на Сарај Блерим Беџети не беше достапен за коментар. Тој вчера за Плусинфо одговори дека се работи за негово предизборно ветување и дека со тоа не се дискриминираат другите жители на општината.

Ова е хумано и произлегува од Рамковниот договор. Не станува збор за дискриминација кон другите граѓани и жители на Сарај. Напротив, тоа беше мое изборно ветување, кое граѓаните на Сарај го поддржаа со тоа што ме избраа за градоначалник. Впрочем и Владата ослободува некои целни групи од плаќање на некои давачки.

Упатените во проблематиката велат дека се работи за козметички потег на локалната власт со кој што реални олеснувања нема бидејќи посериозно решение доколку се подготви ќе треба да помине низ собраниска процедура.

Токму пред пратениците во 2008ма се најде Закон за бранителите од 2001та. Дојде на предлог на Достоинство а помеѓу другото предвидуваше безплатно здравство, предвремено пензионирање и повластување при вработување. Предлогот тогаш го поддржаа само пратениците од СДСМ, а против беа ВМРО ДПМНЕ и ДУИ со образложение дека ќе чини прескапо, со што не помина.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1