Градежна механизација влезе во локалите на Аминта трети.. Инспекциите на Општина Центар утврдиле дека угостителите недозволено узурпирале простор од јавната површина.
Втор ден се уриваат летните тераси на неколку угостителски објекти овде во Дебар маало. Се отсрануваат бетонски платформи и метални конструкции.
Сопствениците велат дека имаат дозвола за користење на просторот. Одобрението го добиле од градски власти.
Од Општина Центар пак велат дека се урива тоа што е безправно изградено.. Подолг период се барало од сопствениците сами да ги отсранат градбите.
„Неосновани се тврдењата дека станува збор за урбана опрема туку за класични бесправно изградени доградби на основниот локал“, велат од Општина Центар.