Општината им дава пари на ергените да си бараат невести во Албанија


Во овој дел од Македонија има ергени, но нема девојки, во Албанија пак обратно. Општина Новаци сега на свој трошок ќе праќа ергени кои ќе бараат невести во Албанија. Општината ќе ги плаќа и свадбите, а се со цел да се зголеми бројот на жители и дечиња во оваа општина, пишува Дневник.

Досега околу 30 ергени од пелагониските села се ожениле со христијанки од Албанија, претежно од реонот на Лач.

 

,, Правиме список на ергени, ги има стотина. Така е зашто женскиот свет од руралните средини ни бега во урбаните. Имаме ситуирани ергени кои не можат да најдат жени. Затоа имаме преземено акција,да ги носиме во Албанија да си одберат невести. Превозот, венчавката, поповите сè е на наш трошок. Водиме битка да се зголеми наталитетот и бројот на населението,, изјави за Дневник Лазар Kотевски, градоначалник на Општина Новаци.

Општината мисли и на дојдените невести па за нив се организира средба на сите невести што се дојдени од Албанија и посета на музејот, Хераклеја и свечен ручек во Битола.

Новаци, е општина која е меѓу најголемите во земјава, но со слаба населеност поради миграцијата и одење на печалба на жителите. Општината има 44 населби, а помалку од 3.500 жители. Има околу 100 ергени,

Од овие мешани бракови досега се родиле триесетина децчиња. Училишното ѕвонче повторно заѕвони

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1