Состојки: (за 18 бомбици)
- 300г бело чоколадо
- 30 Орео колачиња
- 100г крем сирење
- 4 Орео колачиња за декорација
Подготовка:
Иситнете ги Орео колачињата во блендер додека не добиете кафеав прашок.
Префрлете го во пластичен сад и додајте го крем сирењето. Мешањето може да биде малку потешко, но смесата не треба да биде многу течна за да можете да ги обликувате бомбиците.
Откако ќе ги обликувате и наредите на тава или голема чинија, ставете ги 10 тина минути во замрзнувач.
За тоа време растопете го белото чоколадо и оладете го.
Извадете ги топчињата и прелијте ги со чоколадото. Искршете ги покрупно 4-те Орео колачиња и просипете ги врз чоколадото.
Бомбиците се готови откако чоколадото ќе се стврдне.