Вистинкиот репрезент на австријската кујна е пред вас – виенска шницла, попозната меѓу народот како бечка шницла.
Ќе се согласите дека често јадеме пржено месо, но оваа шницла е вистинки деликатес и гурмански оброк. Интересно е да знаете дека методот за похување е измислен од евреите, а виенската шницла настанала од италијанскиот рецепт Cotoletta milanese, кој е всушност парче телешко место, похувано во брашно, јајца и лебни трошки. Овој рецепт за виенска шницла влегува во големите кулинарски книги во 1900 година.
Потребно е:
- 600 грама телешка кртина
- 2 јајца
- сол
- брашно
- лебни трошки
- парчиња лимон, за декорација
Подготовка:
Исечете го месото на четири парчиња .Парчињата месо покријте ги од долу и горе со пластична фолија и со чук за месо исчукајте ги тенко.
Вообичаена дебелина на месото е 6 мм Посолете ги шницлите од двете страни и оставете да отстојат неколку минути.
За тоа време подгответе ги состојките за похување. Изматете ги јајцата со вилушка, а брашното и лебните трошки ставете ги во чинија.
Шницлите прво обложете ги убаво и од двете страни со брашно, па натопете ги во изматени јајца и на крај во лебни трошки.
Истресете ја секоја шницла од вишок лебни трошки и веднаш ставајте ги една по една (или во зависност од големината на тавчето, повеќе) во поголема количина загреано масло. Со постојано протресување на тавчето, пржете ги шницлите.
Затоа што се тенки, тие треба да бидат готови за најмногу 5 минути.Најубаво е месото да го превртувате и вадите со две вилушки. Кога ќе бидат пржени, ставете ги на кујнска салфетка за да се исцедат пред да ги сервирате. Сервирајте на чинија со парче лимон, салата и компирчиња.
Прочитајте повеќе рецепти на Часови по готвење