Оружени инциденти во Симферопол – убиен еден војник


Украински војник бил убиен во воениот топографски центар во Симферопол, јави украинската агенција Униан.

rusija ukrainaВојникот бил погоден во вратот и во клучната коска и им подлегнал на повредите.

Украинскиот весник „Правда” објави дека сите украински војници се уапсени.

„Одземени им се личните карти и парите. Изведени се надвор, поредени во линија и им е одземено оружјето”, изјави портпаролот на војската Владислав Слезњов.

Руската агенција РИА Новости, пак, јави дека еден припадник на самоодбраната во Симферопол е убиен од снајперски оган, а уште двајца се ранети, откако во потрага по вооружени групи биле нападнати од непознати напаѓачи.

Во командата на единиците за самоодбрана не ја отфрлаат можноста дека станува збор за провокација, со цел дестабилизација на Крим

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1