Оружјето на Бони и Клајд на продажба – ваши се за 200 илјади долари


Оружје и други предмети кои им припаѓале на Бони и Клајд ќе се најдат на аукција во Њу Хемпшир на 30ти септември.

Таа имала колт излепен со фластер од внатрешната страна на ногата, додека неговата 45ка била обесена на појас, но ниту едно од овие оружја не било доволно да ги спасат овие американски одметници и љубовници Бони Паркер и Клајд Бероу од заседата во која упаднале во 1934 година.

Овие два пиштоли се пронајдени кај нив кога биле убиени. Овие и други предмети поврзани со гангстерите  ќе се најдат на аукција во Њу Хемпшир, а официјалните застапници од куќата „ПР Окшн“ проценуваат дека нивното оружје може да биде продадено за 100 до 200 илјади долари.
Покрај оружјето, на аукцијата ќе се најдат и златен џебен саат кој Клајд го носел со себе кога бил убиен, мал несесер со кармин и пудра кои и припаѓале на Бони, како и писмо кое Клајд го напишал за својот брат Бероу на позадина од фотографија на која се гледа куќа оградена со канал со вода.
Според податоците на ФБИ Бони и Клајд се запознале во Тексас во 1930 година и се верува дека до нивната смрт извршиле 13 убиства и неколку кражби. Меѓу нивните жртви имало и полицајци. Двојката стана озлогласена поради своите патувања низ американскиот среден запад и југ за време на кои ограбувале банки и продавници со другите членови од бандата.

Заседата во која се убиени била организирана од тексашкиот ренџер Френк Хамер заедно со уште шест други луѓе а претставниците на аукцијата тврдат дека пиштолите им се пронајдени кај телата на мртвите љубовници а ги добиле од претставниците како компензација.

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1