Осигурајте се против кредити – нова услуга – плаќаат кредит место вас


Охридска банка, Граве Осигурување и Сожелајф од Бугарија воведуваат ново кредитно животно осигурување за македонските клиенти.

Кредитното животно осигурување е наменето за сите типови кредити на населението, а во иднина ќе се покријат и кредитните картички. Може да аплицираат сите физички лица кои поднесуваат барања за нов кредит, како и постојните кредитокорисници.

со ова осигурување доколку корисникот не може да го врати кредитот ( поради смрт, инвалидитет, итн), главнината на кредитот ќе ја врати осигурителната компанија од полисата за животното осигурување. Премијата за осигурувањето што ќе ја плаќа корисникот, ќе биде вклучена во месечниот ануитет за отплата на кредитот

Ова е еден вид кованица од банкарски и осигурителни услуги која ќе им даде мир на корисниците и сигурност за нивните семејства.

Директорите на осигурителните компании го нарекуваат хуман проект за граѓаните. Според информациите во Италија, Португалија, Шпанија, ова осигурување учествува со 60% во животното осигурување.

Извор – Вечер

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1