Осите и стршните напаѓаат – над 50 граѓани со тешка алергија


Внимавајте – Над 50-ина скопјани месецов биле каснати од осите, стршните и пчелите и добиле тешка алергиска реакција по убодот – јадеж по дланките, стапалата, црвенило по телото, но и неконтролирано вршење физиолошки потреби, ладна пот, а во поретки случаи и срцето може да престане да работи, пишува Дневник.

Некогаш минути решаваат дали убодот ќе биде фатален за нивниот живот. Затоа е битно да се препознаат симотимите.

osaМоже да се јават и тешкотии при дишењето и при голтањето ако отокот е голем, па овие пациенти итно ги упатуваме на Kлиниката за уво, грло, нос за да им се изврши и хируршка интервенција.

Други симптоми по убод од инсект се нагон за повраќање и повраќање, неволно вршење физиолошки потреби, пад на крвниот притисок, ладна пот, но и губиток на свеста, а на крајот срцето може да престане да работи. Затоа мора брзо да се реагира. Но, за среќа, ретка е вистинската анафалактична реакција! Овие 16 години на Kлиниката немало починат од убод од инсект, а во алерголошка амбуланта имаме 650 пациенти што имале тешка реакција и нив ги вакцинираме за да им се намали осетливоста кон отровот од инсектите –  вели д-р Наташа Јаковљевиќ, дерматолог-алерголог на Kлиниката за дерматовенерологија во Скопје.

Ладни облози и каснатиот итно во амбуланта!

На прашањето што треба да направи лицето кај кое по убод од инсект ќе се појават симптомите на алергија, лекарите објаснуваат:  ладни облози со вода и оцет, а никако ракија, на местото на убодот, пиење многу течности и лицето веднаш да се јави во амбуланта за да прими антишок-терапија.  – лицата што се алергични да ја имаат кај себе оваа терапија, велат дека во аптеките во земјата не може да се набави аутоинјект „епинефрин“. Оние пациенти што сакаат да го имаат се принудени да го порачуваат од странство, по цена од 50 до 100 евра, а рокот на траење е една година.

На прашањето зошто во аптеките ја нема оваа терапија, од Бирото за лекови изјавуваат дека антишок-терапија се дава само во здравствени установи.

Повеќе информации на – Дневник 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1