Основачот на Амазон стана најбогат човек на светот


Џеф Безос, основачот на Амазон повторно го престигне Бил Гејтс и стана најбогатиот човек на светот.

Акциите на Амазон пораснаа за 13,5 отсто во петокот откако компанијата го објави последниот квартален извештај во кој што имаа повеќе од 250 милијарди долари профит.

Безос поседува речиси 80 милиони акции во Амазон и неговото богатство порасна за повеќе од 10 милијарди долари со последниот раст на цената на акциите и сега изнесува повеќе од 90 милијарди долари.

Богатството на Бил Гејтс исто така порасна, но помалку, на што се должи и промената на врвот.

Безос и претходно, за кратко, го има престигнато Гејтс на листата на најбогати луѓе на светот, на 27 јули, кога неговото богатство исто така достигна 90 милијарди долари, поради растот на акциите на Амазон.

Амазон забележува одличен раст оваа сезона, го купија и синџирот на маркети Хол Фудс и планираат да отворат и второ седиште во Северна Америка, за што повеќе од 200 градови и региони испратиле понуди.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1