Од СДСМ во Сител ќе се слеат 125.000 евра за реклами и пропаганда


Во вториот круг од локалните избори, за период од 14 до 27 СДСМ потрошила 171.181 евра, а имала приходи во вкупен износ од 176.597 евра. Во третиот финансиски извештај од локалните избори партијата има заштеда од 5.416 евра, објави Фокус.

Преку донации од физички лица партијата собрала 37.335 евра, а од фирми 2.400 евра. Меѓу донаторите се јавуваат веќе поставените градоначалници и советници како Саша Богдановиќ и Јон Фрчкоски.

Најмногу пари во вториот круг социјалдемократите потрошиле за реклама и пропаганда, или 141.623 евра.

Партијата најмногу пари одвоила за рекламирање на ТВ Сител или 125.726.

На телевизијата СДСМ и останала должна со неисплатени средства од 88.008 евра. За закуп на рекламен простор Телма добила од партијата 80.606 евра, а ТВ Орбис 1.745 евра.

Тоа се покрупните фактури до телевизии на партијата. Меѓу останатите радиодифузери каде што се рекламирале кандидатите на СДСМ се ТВ Ера, Шутел и Кисс.

Од интернет медиумите партијата се рекламирала на Time.mk каде за реклама и пропаганда платила 4.720, Плусинфо, А1ОН, Пресс24 и Охрид24. Од порталите најмногу пари во вториот круг од изборната кампања му се исплатени на порталот Бриф.мк или 1.671 евра.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1