Мицковски поднесе оставка од Советот на Град Скопје


Христијан Мицкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на советничката листа на коалицијата предводена од оваа партија, денеска објави дека се повлекува од местото советник во Град Скопје.

– Ми беше чест и задоволство што ја предводев градската листа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Подобра Македонија – пишува Мицкоски, кој им се заблагодарува на близу 100 илјади граѓани кои го фдале гласот за оваа листа.

Во статусот објавен на Фејсбук, тој посочува дека продолжува борбата против, како што стои, она што и го прави СДСМ на татковината и силно го тишти македонскиот граѓанин.

– Мојата битка против оваа власт продолжува во партијата/организацијата, како генерален секретар заедно со моите сопартијци, и секако помеѓу клупите на Универзитетот – напиша Мицкоски.

Тој исто така оцени дека локалните избори биле најлошо организираните избори во демократска Македонија од осамостојувањето до денес.

– Притисоци, уцени, закани, поткуп, насилство, злоупотреба на државни ресурси за партиски цели и што ли уште не…, за жал не се свесни дека оваа рана што ќе ја остават позади себе многу тешко ќе зарасне ќе помине…, но борбата против овој ужас ќе, и мора да продолжи, тоа ѝ го должиме на татковината – посочува Мицкоски.

Мицкоски ја предводеше советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која на изборите освои 17 мандати во Советот на Град Скопје.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1