Осомничените за убиство:„Не мачеа, не го убивме Немцов!“


Првоосомничениот за убиството на Борис Немцов Зауд Дадајев на сослушувањето рекол дека не е крив и дека претходното признание на злостроството го дал под изнуда.

Според сослушувањето на руските медиуми, на прашањето дали учествувале во убиството на рускиот опозиционер, одговориле негативно и браќата Губашев, кој се уапсени заедно со Дадајев.Сите тројца рекле дека биле изложени на тортура по приведувањето и дека поради тоа одлучиле да го признаат убиството иако не го сториле.nemcov uapseni

Осомничените за убиство го рекле тоа на припадниците на Јавната Комисија за надгледување, на кои претходно им беше оневозможен влез во затврот во кој се наоѓаат, но руските власти тоа сепак го дозволиле по жолчната кавга.

“Братот и јас бевме во Чеченија кога добивме повик и кога ни е кажано дека во Ингушетиј е затворен нашиот роднина Заур Дадајев, тргнавме таму да видиме за што се работи.Тогаш ако сме го направиле злоделото, зошто сме тргнале натаму?Размислете, тоа не е логично.Кога стигнавме во Малгобек не уапсија.Тоа беше ноќта меѓу 6 и 7 март.Ни ставија превез преку очите и лисици на рацете.Никој ништо и не ни кажа“, навел Шагид Губашев.

Според неговите зборови, во притвор не само што не добиле право на повик, туку и веќе биле мачени додека не признале дека го убиле Немцов.

“Слушнав дека ми го тепаат братот, потоа и двајцата не одведоа некаде, не знам каде.Тука имаше некоја канцеларија и овде пак не тепаа.Мислам дека не тепале припадниците задолжени за наркотици.Бараа од нас да го признаеме убиство, а набрзо се најдовме во Москва.Ни ги тргнаа лисиците во авионот, “ изјавил Губашев.

Членовите на Јавната Комисија потоа разговарале и со Анзор Губашев, кој не бил зборлив како неговиот брат, но на неговото тело биле видливи повредите.Од друга страна, Заур Дадајев истакнал дека сака да излезе пред суд и да каже дека не е крив.

“Судијата не ми дозволува да зборувам.Повеќе од 10 години се борам против криминалот и ги бранам интересите на Русија.Два дена ме држаа со лисици на рацете и ќесе на главата.Реков дека сум го убил Немцов, бидејќи само така можеше да биде пуштен мојот некогашен соработник Руслан Јусупов.Само така можеше на слобода, мислев дека со признанието ќе го спасам“, навел Дадајев.

Пред 4 години е пријавено дека Јусупов е киднапиран, заедно со уште тројца Чеченци, а за нив не стигнувале никакви информации и се сомневало дека заробени ги држеле руските тајни служби.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1