Оспособен мостот за сообраќај во Демир Капија, сообраќајот по влажни коловози


Оспособен е мостот во Демир Капија за сообраќај, на Р-1102, кој беше затворен поради  излевање на вода на мостот од обилните врнежи од дожд, информираат од АМСМ.

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива по влажни коловози поради врнежи од дожд во поголемиот дел од државата.avtopat

На патниот правец Маврово – Жировница – Дебар, поради поголем одрон кај месноста Јанче, потсетуваат од АМСМ, сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 50 метри. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1