Останаа без пари македонските граѓани кои земаа пензии од Хрватска


Хрватскиот пензиски фонд ја блокираше исплататана пензии за сите странци кои земаат пензија од Хрватска а кои навреме не доставиле идентификационен број до пензискиот фонд или хрватската даночна управа. Тоа се однесува и за македонските граѓани кои земаат пензија од Хрватска, бројката е околу 1560 македонци со право на пензија.  

pariВо Хрватска од 14 септември годинава стапи на сила Регулативата за дополнување на Законот за пензиско осигурување, според која корисникот на пензија мора да достави идентификационен број за исплата на пензијата.

Ако тоа не го стори , исплатата времено се запира.  Станува збор за околу 46 илјади странци кои мометално имаат право на пензија од Хрватска.

Од Хрвтскиот пензиски фонд информираат дека сите македонски граѓани навреме преку писмо се информирани дека за да продложат да ги добиваат пензиите мора да испратат идентификационен број.

hzzmo_obavijest-600x450

Со известувањето кои хрвтатите го пратиле преку пошта дополнително испратиле и барање за доделување на идентификационен број кој граѓани корисници на пезнија од Хрватска мора да го пополнат и да го испратат од фондот или даночната управа.

Заедно со овие документи мора да приложат и копија од лична карта или пасош велат до хрватскиот фонд.

Ова е барањето што треба да се пополни и испрати до пензискиот фонд во Хрватска. Сите што не го добиле може да го најдат на интернет страната на пенезискиот фонд во хрватска или даночната управа. Корисниците на пензија од Хрватска може за помош да се обратат и во македонскиот пензиски фонд.

Економски.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1