Научниците од организацијата “CSIRO” го истражувале брегот околу Сиднеј и наишле на нови, целосно чудни видови на риби. Така наишле и на риба коа личи на јагула, чие латинско име е “idiacanthidae” – риба со огромни заби која личи како да дошла од кошмар.
Морскиот биолог, професорот Ијан Сатерс, рекол дека биле изненадени кога пронашле толку мали суштества и дека ова откритие ќе го промени начинот на кој научниците ги проучуваат малите риби.
“Мислевме дека рибите се развиваат само во заливи, и дека кога ларвата се извлекува од водата, тоа означува смрт на рибата. Сепак, се излажавме”, вели професорот.
Покрај рибите, пронашле и четири правулкани на дното на океанот. Тие биле откриени на околу 200 километри од брегот на Сиднеј, благодарение на новата машина на организацијата “CSIRO”, која ги истражува океаните. Тоа што е уште поинтересно е дека овие 50 милиони години стари вулкани никој не ги барал.
Сепак, овие вулкани се одамна изгасени и воопшто не постојат шанси повторно да се активираат.