Осуден на смрт преживеал бесење – го чекаат да заздрави па пак ќе го бесат


Иранецот Алиреза М. според необјаснети околности го преживеал првото извршување смртната казна, која била извршена со бесење. По опоравувањето во болница него го чека второто бесење.

jaze besilkaАлиреза (37) бил „погубен“ минатата среда во затворот Бодџнурд и по 12 минути бил прогласен за мртов и пренесен во мртвачница. Но кога од неговото семејство дошле да го однесат трупот билоконстатирано дека тој диши и веднаш бил пренесен во болница.

Осуденикот бил под вооружена стража и чекаат да се опорави за повторно да го обесат, пренесува Дејли мејл.

Во оваа земја, околу 500 луѓе  се погубуваат секоја година.  Иран по извршување на смртните казни според бројот на жители се наоѓа по Кина.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1