НК КР Кичево поднесе кривична пријава против Х.М. (62) од Р.Албанија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување“.
На 19. овој месец пријавениот влегол во продавница во Кичево и побарал да купи јакна.
Во момент кога бил услужен од вработената, истиот и се доближил и почнал да врши полови дејствија, допирајќи ја по телото. Истата успеала да го оттурне од себе и се упатила кон помошната просторија на објектот, од каде земала нож со намера да се одбрани.
Во тој момент од другата просторија излегла другата вработена, по што пријавениот излегол од продавницата и заминал во непознат правец. Набргу потоа истиот бил пронајден.
Од страна на Основен Суд Кичево на Х.М. му е одредена казна затвор во траење од три месеци и истиот е спроведен во КПД Идризово во Скопје.