Осум пожари во Скопје за новогодишната ноќ


Осум пожари се регистрирани на територијата на Скопје за време на новогодишната ноќ. Како што велат од Територијалната противпожарна единица, дежурните екипи интревенирале од 19 часот вчера до седум утрово.

Повредени нема, причинета е само материјална штета.

„Пожари предизвикани од запалени контејнери имаше на „Партизанска“ во општина Карпош, како и на улиците „4 Јули“ во Ѓорче Петров, на „Вуковарска“ во Чаир и на „Јани Лукровски“ во Автокоманда, на улицата „Марко Орешковиќ“ во Кисела Вода регистриран беше пожар предизвикан од оџак, поради електрична бандера се интервенираше и во село Глумово, Општина Сарај, а од сува трева гореше и на „Радишанска“ во општина Бутел“, информира Територијалната противпожарна единица.

Штетата од изгорените контејнери се проценува на околу 60.000 денари.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1