Освен пендрак полицајците ќе користат и гумени куршуми и електричен парализатор


Полициската палка добива законско засилување: Гумени куршуми и електричен парализатор за обезбедување јавен ред и мир. Ова се предвидува во предложените законски измени на Законот за полиција

Според предложените измени, во членот 5 од Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за полиција, при воспоставување на нарушен јавен ред и мир во поголем обем, полицискиот службеник е овластен да упати наредба до групата да се разотиде. Ако групата не се разотиде, дозволена е употреба на следните средства за присилба: физичка сила; полициска палка; електричен парализатор; хемиски средства; гумен куршум; службени кучиња; специјални возила за јавен ред и мир и пиротехничко-експлозивни средства.

apsenje lisici policija

Покрај овие средства на присилба, со членот 9 од Законот, се предвидува можност полицијата да употреби технички средства за видеоснимање, со кои ќе се обезбеди снимен материјал (видеозапис) за начинот на кој се презема конкретно дејствие во рамки на примената на полициските овластувања од страна на полициските службеници. Снимениот материјал ќе се чува во Полицијата шест месеци

Каков е видот на вооружувањето и опремата на Полицијата во согласност со прописите ?

Според Одлуката за видот на вооружувањето на Полицијата и опремата на полициските службеници од 2007 година,  вооружувањето на Полицијата, во зависност од полициските работи кои ги врши, е составено од:

-пиштол;
– револвер;
– кратко автоматско оружје;
– долго полуавтоматско оружје;
– долго автоматско оружје;
– сигнално оружје;
– кратко и долго оружје за испалување на хемиски средства, ракети, гранати, мини, гумени куршуми, и друг вид на муниција и проектили;
– минско експлозивни и пиротехнички средства;
– самострел;
– пригушувач на звук од оружје и
– прибор и муниција.

Опремата на полициските службеници во зависност од полициските работи кои ги вршат е:

– гумена палка;
– палка за интервенција;
– средства за врзување;
– батериска лампа;
– заштитен панцирен елек;
– тактички елек;
– заштитна кошула;
– заштитен шлем;
– заштитна маска;
– кацига со визир и штитник за брада;
– штитници за одделни делови на телото;
– заштитен штит;
– ракавици;
– комплет прибор за јадење;
– шаторско крило;
– вреќа за спиење;
– ранец;
– подметач за вреќа за спиење;
– свирче;
– фосфорен елек;
– мегафон;
– комплет за прва помош;
– средства за зашеметување и привремено онеспособување;
– опрема за насилно влегување во просторија;
– направа за присилно запирање на моторни возила;
– заштитна ограда;
– стоп палка;
– полициски опасач, футрола за пиштол, футрола за муниција, футрола за средства за врзување, футрола за средства за зашеметување и привремено онеспособување, футрола за клучеви, футрола за радио врска, држач за палка, држач за батериска ламба, футрола за мултифункционален алат и друго;
– футрола за пиштол за прикриени активности;
– торба со футрола за топографски карти;
– мултифункционален алат (Гербер);
– нож;
– рачна бусола;
– уред за сателитска навигација ГПС;
– личен систем за носење и пиење вода и
– рачни уреди за денско и ноќно набљудување.

Повеќе на – Академик.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1