Освен за алишта, омекнувачот може да има и друга примена


Дали сте знаеле дека омекнувачот за алишта, освен што облеката ни ја прави помека и поудобна, во домаќинството може да се користи и за некои други потреби. Еве неколу интересни совети за повеќекратна употреба на оваа миризлива течност.

Omeknuvac-012-16e1a5-800x6001. Освежува простор

Доколку не сакате парите да ги трошите на купување на освежувач на воздухот, можете да го направите сами – од омекнувач. Шешето со распрснувач наполнете го со вода и омекнувач во сооднос 1:3. Со оваа течност испрскајте ги своите завеси, килим и други ткаенини кои сакате да имаат убав мирис. Исто така, можете со тоа да ја освежите и внатрешноста на својот автомобил.

2. Отстранува статички електрицитет

За да спречите брзо насобирање на прашината на вашиот телевизор или пак на други пластични површини во станот, неколку капки неразреден омекнувач ставите на крпа за бришење прашина и избришите го со неа саканиот предмет. Така ќе спречите ширење на статичкиот екетрицитет кој привлекува прашина и ќе имате чист и мирисен мебел.

3. На мазните површини им дава совршен сјај

Сакате ли да имате средство за чистење кое на мазните површини им дава совршен сјај, тогаш помешајте чаша омекнувач со четири чаша вода и ставете го во шишето со распрскнувач. Попрскајте ја со оваа течност крпата за бришење прашина и избришете ги со неа стаклените површини во станот, туш кабината и другите цврсти и мазни површини и потоа избришете ги со сува крпа.

4.Го олеснува вадењето на старите тапети

Со помош на омекнувач можете да ги симнете старите тапети од ѕидот. Направите мешавина од едно до врвот полно капаче од омекнувачот и четири филџани вода. Синѓер натопете во течноста и нанесете го на тапетите. Оставете го 20-30 минути и потоа лесно ќе се извадат тапетите од ѕидот.

5. Ги омекнува и четките за бојадисување

Четките за бојадисување ќе бидат повеќе меки ако после употреба ги исперете во вода во која сте капнале неколку капки омекнувач. Исушете ги и потоа подгответе ги. Бидете сигурни дека при следната употреба повеќе нема да бидат така тврди и крути.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1