Освоила 1 милион на лото – ама го испрала тикетот во машина за перење


Една жена тврди дека во машина за перење го испрала тикетот за лотаријата кој можел да и донесе добивка од 43,6 милиони евра.

Британката дошла на продажното место на лотаријата во Ворчестер со оштетеното ливче за кое верува дека ја има добитната комбинација на броевите.loto

Меѓутоа на ливчето не се гледа датумот, бар кодот и серискиот  број, бидејќи било оштетено од водата, пренесуваат британските медиуми.

Ната Пател, сопственик на трафиката во која жената дошла, изјавила дека не постои начин да се провери дали тикетот е добитен освен да се скенира неговиот бар код.

Несреќната жена, чие име не и е познато на јавноста, наводно добитното ливче го заборавила во џебот од фармерките кои ги ставила во машината за перење. Поради тоа не е во можност да докаже дека нејзиното ливче е добитно,

Од лотаријата Камелот изјавиле дека се запознаени со целиот случај и дека го истражуваат.

Другата половина на вкупниот џекпот добивка, која изнесувала 87,2 милиони евра, ја добила брачната двојка Дејвид и Керол Мартин, кои имале исправно ливче со шест погодени броеви.

Оваа нереализирана добивка од 43,6 милиони евра нема да биде најголема во историјата . Во 2012 година никогаш не бил пронајден сопственикот на добитното ливче вредно 84,3 милиони евра.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1