Апел до жените да не забременуваат – се раширил вирусот „Зика“


Вирусот кој предизвикува вродени дефекти кај новороденчињата коси низ Бразил, додека здравството е  во колапс.

Во неколку сојузни држави во Бразил е прогласена вонредна состојба поради ширењето на вирусот „Зика“ кој го пренесуваат комарците, а кој предизвикува вродени дефекти кај новороденчињата.201640_trudnoca_f

Брзото ширење на вирусот резултирало со упатување апел до владите во Јужна Америка, жените да не забременуваат најмалку две години. Овој апел е во рамки на мерките кои имаат за цел да ги избегнат вродените дефекти кај бебињата поврзани со болеста која ја пренесуваат комарците, пишува „Вашингтон пост“.

Она што до неодамна се сметало за рутински здравствен проблем во земјите каде што е присутен одреден вид на комарци, прераснало во потенцијален опасен феномен, поради што населението во неколку држави е замолено да го одложи раѓањето на деца.

Светската здравствена организација соопштила дека во најмалку 20 држави или територии во регионот вклучувајќи ги Барбадос, Гвадалупе, Гватемала, Порторико и Панама, е забележана појавата на овој вирус.

Иако вирусот Зика првпат бил забележан во 1940-тите години, во последните неколку месеци се појавиле голем број на случаи во Јужна Америка. Најмногу е погоден Бразил каде повеќе од милион луѓе се заразени од овој вирус.

Во последните 4 месеци, властите примиле извештаи од 4.000 слуачи во кои вирусот предизвикал заболување од микроцефалија, абнормална мала глава кај новороднечињата. Покрај малата глава, оваа болест е поврзана и со потешкотии во развојот.

Колумбија која ја дели границата со Бразил реагирала на сопствената епидемија со вирусот Зика, а пријавени се 13.000 заразени, па така се молат жените да не забременуваат во следните неколку месеци.

Други земји како Јамајка и Хондурас, исто така ги замолуваат жените да не забремнуваат во скоро време. Ел Салвадор ги замолува своите жители да се воздржат од планирање на семејство до 2018 година.

Дополнителен проблем е што веќе постоечкиот хаос во здравствениот сектор, предизвикан од финансиската криза, најтешка во последните неколку децении.

Во Рио е прогласена вонредна состојба поради кризата во здравството. Државата останала без пари за платите не лекарите и медицинските сестри. А во Пернамбука епидемијата на новиот вирус „Зика“, кој го пренесуваат  комарците, ги навела властите да прогласат вонредна состојба, иако ни порано ситуацијата не била подобра.

Но, поради рецесијата федералната влада спроведува планови за намалување на трошоците и тврди дека сојузните држави во Бразил може да ги обезбедат само со ограничени средства, кои би ја ублажиле моменталната криза.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1