Трговијата со деца – Грците за бебе на Бугарите им плаќаат и по 10.000 евра (Видео)


Само преку еден канал од Бугарија во Грција месечно се продаваат десетици бебиња, а за новороденче Грците даваат меѓу 8.000 и 12.000 евра, покажа истражувањето на бугарската Нова телевизија.baby-money

Телевизијата прикажа мајка и трговец со деца, наведувајќи дека еден дел од децата ќе биде посвоен, додека другиот број, кој има здравствени проблеми, ќе биде дел од ланецот со трговија со органи. Еден од учесниците во трговија со бебиња, Пламен Димитров кажал дека девојчињата се повеќе барани и дека ниој не бара документи за потеклото на детето.

Според неговите зборови, некои од клиентите во криминалната шема купуваат деца затоа што не сакаат да останат бремени и на тој начин да си го нарушат физичкиот изглед.

Ако се работи за близнаци, вели Димитров, постои голема веројатност да бидат раздвоени затоа што организаторите добиваат повеќе пари од посебна продажба.

-Ги земаат трудниците од становите и ги носат во болница да се породат. Тие станови се како фабрики за деца каде по неколку жени чекаат да се породат, вели Димитров.

Според бугарската телевизија, грчката полиција во Солун започнала истрага за скандалозната продажба на бебиња.

Бугарската јавност била шокирана кога грчката полиција во октомври 2013 година во Грциха бајде синокосо девојче кое го нарекуваа „Плавиот ангел“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1