Отецот Бенедикт ги брани педофилите: Тинејџерите се тие кои ги заведуваат свештениците


Во неодамнешното интервју за американскиоте National Cathholic Register, отецот Бенедикт Грошел (78), изјавил дека тинејџерите се всушност тие вистинските виновници кои што ги заведуваат свештениците, а потоа црквените луѓе се соочуваат со сексуални прекршоци.

„Замислете еден човек кој што преживува нервен слом, а истовремено го прогонува еден тинејџер. Во поголем дел од случаите, овие млади луѓе на годишна возраст од 14,16, и 18 години се заводници“, изјавил Грошел.
Излегува дека „напалените“ тинејџери ги искористуваат проблемите на црквата и дека „напатените“ свештеници, едноставно неможат да се изборат со бројните искушенија.

Се се тоа нормални работи

Запрашан за да ја објасни својата изјава, отецот додал дека голем број на млади луѓе во свештениците гледаат како на татковци. Нагласил дека во голем број на случаите, се работи за хетеросексуални односи, но и дека сексуалните односи меѓу мажите и децата низ историјата не ги гледал како злочин.
„Ако се вратите 10 до 15 години во минатото, граѓанските тужби поради сексуалните злоупотреби биле многу ретки, освен за правата на силувачите или случаевите на насилство. Никој од тоа не размислувал на тој начин. Освен тоа наклонет сум кон мислењето дека свештениците не би требало да одат во затвор по својот прв прекршок, затоа што нивната намера не им била да започнат со злочинот“, додал Грошел.
По зборовите на овој висок свештеник, ова не се вистински случаеви на сексуално злоставување, туку ова е време во кое е во мода да се поднесуваат кривични пријави против „сосема нормалното однесување“ на релација свештеник – малолетник?
Грошел, инаку ужива голем углед во американската бискупија, и покрај тоа што пред 25 години го основал конзервативниот католички ред кој го нарекол Фрањевачка братска обнова.
Вака зборува еден доктор по психологија, со диплома од универзитетот Колумбија.
Фактот дека неговото интервју е објавено во регистерот и тоа без пропатни коментари, е доста значајно, со оглед на публкацијата поврзана со верскиот ред Легија Христа. Тие своевремено се нашле во центарот на скандалот кога е откриено дека нивен свештеник Марсијал Масијел, со години наназад злоупотребувал деца од сиропиталиштата.

Tags: , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1