Отидовме со семејството во Будва на летување – следеше вистински УЖАС


На ден 06.08. сабота пристигнавме на летување во Будва, Црна Гора, секако семејно, 2 семејства – 4 возрасни лица и две деца, пишува ТВ Сител

Бевме во потрага по сместување, во тоа ни помагаше таткото на мојот пријател кој пред нас пристигна 5 дена и, секако не најдовте па тргнавме на некое друго место во Црна Гора, меѓутоа се предомисливме и се вративме во Будва, каде го сретнавме таткото на мојот пријател кој ни најде сместување кое беше оддалечено на ½ минути од плажа, секако опремен максимално, телевизија, 2 бањи, балкон, дневна соба. Тоа беше зграда на 6 спрата, а ние го добивме 4тиот.

Фото - Сител.мк

Фото – Сител.мк

Да напоменам цената беше 100 евра за двете семејства. Зградата имаше лист сигурносни камери, противпожарна врата. Во сместувањето не однесе локален дилер по име Брајко, секако алкохоличар и коцкар, а тоа веднаш ни падна во очи.

Со сите тие можности што ни беа понудени во цената од 100 евра на ден веднаш ја прифативме понудата, за два дена подоцна, кога се распакувавме и средивме, отидовме на плажа во 4 часот на пладне, бидејќи имавме малку проблеми со децата. На плажа се задржавме околу 2 и пол часа по што се вративме во отклучен и демолиран стан. Како да објаснам, претресен и се пари што имавме повеќе ги немаше – пасоши, лични карти, таблет недопрен, значи само пари.

По пријавата на тој дилер која ја повика шефицата по име Јованка, би рекол дека таа е многу безобразна преварантка, како и сите во нејзино окружување, не се ни осуди да дојде веднаш, туку по еден час заедно со инспекторите од полициската станица во Будва оставајќи зад себе сомнеж бидејќи станот останал отклучен и некој знаел за тоа.

По толку инциденти бевме нападнати од оние кои ни го издадоа станот, за кој мислам дека само служи за превари и слично. Тука има неколку фотографии од станот и зградата. Ве молам заобиколете ја оваа зграда и овие луѓе на улица „29 ноември“ Сржентиќ Јованка за да не ви се случи вакво нешто што би ви го уништило одморот

Според мене ова е направено со дупли клуч, бидејќи нема никакви траги, а вратата е уредно отклучена и заклучена.

Сител.мк

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1