Отишла на пауза – се породила па се вратила на работа


30 – годишната Јоланта Царнечка од Полска е обвинета за обид за убиство. Ако ја прогласат за виновна, може да добие пет години затворска казна.
porodaj-tata-1328585176-93673Жената била на работа, отишла на пауза и се породила. Бебето го оставила во поле па се вратила на работа како ништо да не било. Детето преживеало во полето два дена на високи температури.
Мајката признала дека не сакала да остане трудна и дека бременоста ја скривала со широка облека. Кога се вратила на работа, нејзиниот шеф приметил дека облеката и е крвава. Ја однел во болница каде докторите утврдиле дека се породила. Мајката тврдела дека бебето паднало во тоалет. Полицијата го пребарала тоалетот, но бебето не го пронашле. За време на испитувањето сепак признала дека се породила во поле. Докторката на сведочењето изјавила дека бебето било во критична состојба кога го пронашле.
– Го оставила девојчето само и голо. Тежеше помалку од еден килограм, и делумно дехидрирана. Вистинско чудо е што преживеала толку долго под тие услови, рекла докторката.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1