Отишол на операција на бубрезите – се разбудил со отсечен пенис!


Поранешен романски војник, Костико Моролеану, ќе тужи една болница во таа земја откако во таа медицинска установа останал без половиот орган. Војникот отишол на операција на бубрезите, а лекарите му го ампутирале пенисот.

Костика Маролеану (55) одлучил да тужи една болница во Романија откако отишол на операција на бубрезите, а оттаму излегол со ампутиран пенис.Man Loses Penis After Going For Kidney Op

Овој поранешен романски војник бил примен во болницата во градот Бузау откако му откажал едниот бубрег. Операцијата која ја извел докторот Лурие Чокина поминала многу добро, но проблемите настанале откако медицинската сестра погрешно ја споила цевката која требало да му помогне при уринирањето.

Докторот го известил несреќниот Романец дека дошло до мали компликации по операцијата, но набргу се утврдило дека станува збор за сериозен проблем. Гениталиите на Костика се зацрвениле, се инфицирале, и на докторите не им останало ништо друго освен да му го отстранат пенисот.

„ Ова е единствен начин да ви го спасиме животот “– со овие зборови докторот го тешел очајниот Романец.
– По првата операција бев префрлен на интензивна нега, но четири дена подоцна ме преместија на нефрологија. Ми земаа некои примероци за анализа и ме пуштија да лежам таму десет дена. Зошто? Затоа што докторот отишол на одмор – изјавил Костика, пренесува „Дејли меил“.

По траумите во Бузау, Маролеану е преместен во воената болница во Букурешт. Таму поминал низ неколку прегледи и единствен заклучок на докторот бил дека неговиот пенис мора да биде отстранет.

– Органот веќе му бил комплетно мртов – изјавил портпаролот на воената болница во Букурешт. По сето тоа Романецот ја тужел болницата и бара половина милион евра отштета.

– Целосно ми е отсечен половиот орган. Ужас, уринирам како жена. Докторите ми направија мала дупка помеѓу тестисите и анусот за да можам да одам во тоaлет – изјавил несреќниот маж.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1