Откако поевтини бензинот автомобилот ми троши повеќе – какви горива возиме во Македонија?


Откако се намалија цените на бензините ми се зголеми потрошувачката на автомобилот. До редакцијата на Press24 во последните денови пристигнаа неколку реакции од граѓани кои велат дека со истата литража на гориво, сега поминуваат помалку километри отколку пред големото поевтинување на бензините.

benzin3

Тие се сомневаат во квалитетот на горивата и исправноста на бенизниските пумпи. Значителни разлики, како што велат има кај корисниците на плин. Со една боца плин, еден наш читател вели дека сега поминува дури 40 километри помалку од претходно.

Темата е актуелна и на социјалните мрежи. На групата Ѕидот на сообраќајниот срам, веќе има отворено ваква тема и многу граѓани сведочат дека забележале дека поминуваат многу помалку километри сега, отколку пред поевтинувањето на горивата и плинот. Тие тврдат дека поголема потрошувачка покажува и нивниот борд компјутер.

Од бензинските пумпи велат дека редовно вршат контрола на горивата кои се набавуваат и дека до сега не забележале промени во квалитетот. Бензинските пумпи редовно ги контролираат инспекции на надлежните институции и дека нема простор за сомнеж дека се манипулира со возачите.

Тие објаснуваат дека зголемената потрошувачка на гориво може да биде последица на повеќе фактори меѓу кои студеното време како и начинот на кој се вози автомобилот.

Press24.mk

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1