Кој зел 160.000 евра за плагиран извештај за несреќата на Трајковски?


Дирекцијата за цивилно воздухопловство на БиХ (БХДЦА) соопшти дека Завршниот извештај на Комисијата која ја предводел Омер Кулиќ е плагијат на „Завршниот извештај за испитување на несреќата на авионот Beechraft Super King Air 200, со регистарска ознака З3-БАБ, Мостар од 26 февруари 2004 година“, кој е објавен на 05 мај 2004 година, а утврдената причина е всушност онаа која ја утврдила комисијата во 2004 година, како и дека се направени низа материјални и процедурални пропусти, како при формирањето на комисијата, така и во нејзината работа и при презентацијата на Извештајот, објави новинската агенција Патриа, а пренесуваат босанските медиуми.

Boris-Trajkovski-630x418

 

Дирекцијата смета дека не се претставени нови докази што е причина за нов извештај, туку дека последниот извештај е ревизија на оној од 2004 година. Според Дирекцијата, плагираниот Завршен извештај е направен со цел да се дискредитира Комисијата која претходно спровела истрага.

Затоа Дирекцијата прашува зошто е отворена нова истрага, зошто таа траела несоодветно долго од 13 мај 2013 фо 29 неомври 2014, зошто чини 160.000 евра, кој ја платил и кому му е платено

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1