Фронтменот на легендарните “Стоунси“, Мик Џегер по самоубиството на својата девојка Л’врен Скот, го зголеми контото за девет милиони долари.
Според тестаментот му го оставила целиот свој имот токму нему. Според американските весници, на суд било проценето дека имотот на дизајнерката вреди девет милиони долари. Нејзин највреден имот бил апартманот на Менхетен, кој вредел околу осум милиони долари, а останатиот милион го сочинуваат накитот, гардеробата, мебелот…
Целиот мој накит, облека, мебел, автомобили и останатите лични работи му ги подарувам на Мајкл Филип Џегер”, пишува во тестаментот, каде што уште стои: исто така, нему му го оставам целиот мој недвижен имот”.
Тестаментот на дизајнерката многу ја изнервирал нејзината сестра, Џејн Шејн, која тврди дека Џегер направил циркус од погребот и дека судски ќе се бори да го оспори тестаментот и нејзе да и припадне целиот имот.
Скот во вторникот беше погребана во кругот на семејството, а самоубиството го изврши на 17-ти месецов во Њујорк.