Тимошенко ќе се кандидира за претседател на Украина


Поранешната премиерка на Украина Јулија Тимошенко изјави дека планира да се кандидира на претседателските избори во земјата во мај, пренесе Би-би-си.

timosenkoТимошенко беше пуштена од затвор во февруари, веднаш по соборувањето на претседателот Виктор Јанукович, по три години минати во затвор. Таа веќе два пати беше премиерка, а во 2010 се кандидираше и за претседател.

Поранешниот боксер Витали Kличко и тајкунот Петро Порошенко исто така се очекува да бидат дел од трката за претседател, додава британскиот медиум. Анкетите сугерираат дека Порошенко, кој е еден од најбогатите Украинци, моментално е најпопуларен кандидат. Изборите најверојатно ќе се одржат на 25 мај.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1