ОТКАЗ ОД РАБОТА- причина за убиството на градоначалникот на Боговиње


Градоначалникот на општина Боговиње, Хазби Идризи, утрово бил убиен од поранешен вработен во општината. Осомниченио го паркирал своето возило и го следел градоначалникот.bogovinje

Според првични информации, на јавното обвинителство, осомничениот го паркирал своето возило во непосредна близина на општинската зграда и се упатил кон бурекџилницата од спротивната страна каде во тој момент седел градоначалникот.

По кратка расправија со него, осомичениот испукал неколку куршуми од пиштол. Идризи бил префрлен во тетовскиот клинички центар, каде им подлегнал на повредите.

Осомничениот пак, на пат кон дома си пукал во себе. Со сериозни повреди веднаш бил однесен на скопските клиники, каде и тој починал.

Во Боговиње денеска никој не сакаше да зборува. Меѓу селаните кружат информации дека зад ова стојат несогласувања меѓу двајцата.

Имено, градоначалникот пред извесно време му дал отказно решение на осомничениот, кој инаку во општината работел триесетина години. Сепак, официјални и точни информации за трагедијата ќе даде истрагата.

Увидот е завршен, подигнати се траги и доказен материјал,а телото на градоначалникот е предадено за обдукција.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1