ИСИЛ најави нови напади над Христијаните


Лидерот на ИСИЛ во Египет јавно се заложи за ескалација на насилствата и нови напади на Христијаните и ги повика Муслиманите да ги избегнуваат христијанските собири и амбасадите на западните земји затоа што тие ќе бидат на мета на џихадистите на Исламската држава.ISIS-Euros-659972

Еден од првите луѓе на екстремистичката организација во Египет, во интервјуто за порталот „Ал Наба“ порачал дека нападите на црквите и на христијанските заедници се „дел од нивната света војна против неверниците“.

Тој ги повикал сите Муслимани кои што се уште им се немаат приклучено на џихадистите да изведуваат самостојни напади ширум Европа, но истовремено тој се пожали дека голем број на Египќани се противат на неговата мисија и на повиците на Исламската држава за света војна против Христијаните.

Исламската држава ја превзеде одговорноста за самоубиствените бомбашки напади на двете коптски цркви на христијанската заедница во Египет минатиот месец кога беа убиени најмалку 45 верници.

Египетскиот парламент после тие два напади одобри прогласување на вондредна состојба на територијата на целата држава и вондредната состојба ќе трае три месеци.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1