Агенцијата за катастар на недвижности поведе дисциплинска постапка против петмина вработени за направениот пропуст во врска со продажбата на парцела спроти Народната банка на Република Македонија
– По спроведената дисциплинска постапка, согласно Законот за државните службеници, Дисциплинската комисија утврди дека петте државни службеници сториле дисциплински престап – неизвршување односно несовесно и небрежно вршење на службената должност, како и давање на неточни податоци на државните органи, со што е предизвикана потешка значителна повреда на службената должност и угледот на службата, односно на Агенцијата за катастар на недвижности, се вели во соопштението од Агенцијата.