Откажал мотор на авионот на Бил Клинтон – принудно слета во Танзанија


Авионот со кој патувал поранешниот американски претседател Бил Клинтон, принудно слетал во Танзанија, објави во средата навeчер американската телевизиска мрежа CBS News.

„Авионот ‘Dash 7’ морал принудно да слета во Танзанија, откако еден од четирите мотори престанал да работи“, се вели во извештајот. Се додава дека нема повредени во инцидентот. Моторот на леталото бил поправен, и по 45 минути полетал од местото Додома.klinton

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон од градот Иринга на езерото Манјара во северниот дел од оваа источноафриканска земја.

Клинтон се наоѓа во обиколка на проектите чијашто цел е да се помогне во земјоделското производство, здравството образованието и заштитата на дивиот свет. Тој, и ќерката Челзи, планираат да ги посетат и Кенија, Либерија и Мароко.

Бил Клинтон, 42-от претседател на САД во два мандата во периодот од 1993 до 2001 година, е коосновач на фондацијата именувана според него, која се занимава со хуманитарни дејности во земјите во развој.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1