Скопје попладнево го зафати силно невреме со пороен дожд, грмежи и ветер од околу 50 километри на час. Дождот го отежна сообраќајот низ градот. Дел од сообраќајниците се времено блокирани, а некои подвозници поплавени.
Повеќе скопски општини се под вода, а граѓаните се на улиците и се обидуваат да ги заштитат своите автомобили од надојдената вода на паркинзите и гаражите.