Цеца деновиве ужива на Тајланд на островот Кох Самуи, познат по убавите плажи и луксузните хотели. Таа ја заскокотка фантазијата на фановите кога објави фотографија со мистериозен маж.
Меѓутоа идентитетот на нејзиниот сопатник сега е откриен и многумина ќе се разочараат кога ќе дознаат дека не се работи за нова љубов на фолк дивата туку за нејзиниот најдобар пријател Сретен Радовиќ. Подоцна на патувањето им се придружи и фотографот Милош Надаждин со кого Цеца ќе сними спот за уште една песна од последниот албум.
За нејзината шминка ќе се погрижи стилист од Банкок, а оттаму ќе допатува и згоден манекен кој ќе ја придружува во спотот.
Цеца е сместена во бунгалови на самата плажа и секоја вечер ужива во спектакуларниот залез на сонцето.