Откриен идентитетот на возачот на Џипот кој го уби Иван – возилото не е негово!


Џипот „фолксваген туарег“ со кој дваесетгодишниот Џенис Мекиќ од село Батинци го усмрти средношколецот Иван Белински (16) во саботата, кај Kатоличката црква во Скопје, не бил сопственост на возачот, пишува „Дневник“. Возилото не е сопственост ниту на неговата фамилија. Полицијата, по наредба на Јавното обвинителство, не дава информации чиј е џипот, односно кој му го дал на неискусниот возач да го управува. Од Јавното обвинителство не добивме одговор до каде е истрагата, односно првични информации со која брзина се движел „туарегот“ и дали малолетникот бил на пешачкиот премин во моментот кога бил удрен.
katolickapregazen

– Во врска со немилиот настан во кој што беше прегазен малолетник ве известуваме дека Обвинителството продолжува со активности за прибирање на докази и утврдување на причините на несреќата. Во интерес на истрагата ОЈО не може да споделува детали за настанот – велат од Обвинителството.

Четири дена по трагичната сообраќајната несреќа Обвинителството се уште не поднело кривична пријава против возачот, иако станува збор за сообраќајна несреќа со последица смрт, а не добивме одговор ниту зошто досега не е поднесена.

Од МВР велат дека истрагата е во тек и оти работат по насоки што им ги дава Обвинителството.

– Земени се урина и крв од возачот, се разговара со очевидци и очекуваме во најскоро време да бидат утврдени причините за сообраќајната несреќа – велат од МВР.

Возачот Џенис Мекиќ не бил возач-почетник, иако имал возачка дозвола само два месеца повеќе од предвидениот законски рок во кој не би смеел да го управува џипот „фолксваген таурег“. Пред последните измени на Законот за безбедноста во сообраќајот на патиштата, возач-почетник беше секој возач до 21 година.

Според статистиката на МВР, оваа година полицијата во Скопје казнила 272 возачи-почетници, кои не се придржувале на Законот за почетниците.

Најмногу казнети се возачите-почетници што од 23 до 5 часот возеле без придружник. Полицијата казнила 64 почетници што возеле со брзина поголема од 60 километри на час, како и 12 возачи-почетници што управувале возило чија сила на моторот била поголема од 75 киловати.

Kатегоријата возач-почетник беше воведена пред шест години за да се намали бројот на сообраќајните прекршоци извршени од таа категорија возачи, како и поради нивното кратко искуство во учеството во сообраќајот на патиштата. Иако е поминат долг период од воведувањето на овој закон за возачи-почетници, од Републичкиот совет за безбедност во патниот сообраќај (РСПБС), сепак апелираат младите да ги почитуваат правилата и прописите, а родителите да размислат кога му го даваат автомобилот на своето дете.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1