Откриен ТАЕН план на ЕУ – стотици илјади азиланти ќе бидат депортирани од Европа


Стотици илјади баратели на азил, на кои им е одбиено барањето, ќе бидат депортирани од Европа во текот на следните неколку недели, пишува денеска британски „Тајмс“.

Британскиот дневен весник, повикувајќи се на „таен план“ на Европската унија, наведува дека се очекува барањето за азил да им биде одбиено на околу 400.000 лица, кои во земјите на ЕУ влегле во првата половина на оваа година.migranti-ungarija

Брисел има намера да се закани со повлекување на помошта, откажување на трговските спогодби или визни аранжмани доколку земјите, како Нигера или Еритреја, не се согласат да ги примат назад своите економски емигранти.

Во нацрт текстот за кој утре ќе разговараат министрите за внатрешни работи на ЕУ се предлага што повеќе бегалци да се вратат во нивните земји, бидејќи растот на бројот на оние кои се враќаат може да ја одврати илегалната миграција и доаѓањето во Европа.

Предлог на тој „таен план“, исто така, соддржи одредба според која земјите на ЕУ во притвор ќе држат илјадници баратели на азил на кои им е одбиено барањето за да ги пречат да побегнат во пресрет на депортацијата.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1