Откриен вирус што ги прави луѓето поглупави


Откриен е вирус кој го инфицира човечкиот мозок и ја прави личноста глупава, тврдат истражувачи од САД, пишува Индепендет.

Вирусот кој ги инфицира алгите никогаш порано не е забележан кај здравите луѓе, а научниците откриле дека тој може да влијае на когнитивната функција, вклучувајќи визуелно процесирање и свест за простор.

Bulgaria

Истражувачите од медицинското училиште „Џон Хопкинс“ од Универзитетот Небраска, дошле до ова откритие кога ја спроведувале неповрзаната студија во врска со микробите на грлото.

Изненадувачки, тие откриле дека ДНК во грлата на здравите личност се совпаѓа со ДНК вирусот, кој ги инфицира зелените алги.

Д-р Роберт Јолкен, виролог кој ја предводеше оригиналната студија, во оваа прилика изјави: „Ова е впечатлив пример кој ни покажува дека микроорганизмите кои ги носиме во нас можат да влијаат на однесување и когнитивни способности. Многу физиолошки разлики се кодирани во гените кои ги наследуваме од родителите, меѓутоа, некои од овие разлику се дополнително изразени преку бројните микроорганизми кои ги носиме во себе и кои вршат интеракција со нашите гени“.

Од 90 учесници во студијата, 40 биле позитивни на овој вирус. Луѓето со вирусот имале лоши резултати на тестовите дизајнирани да ја мерат брзината и прецизноста на визуелното процесирање.

Човечките тела содржат трилиони бактерии и вируси. Повеќето од нив се безопасни, но наодите на ова откритие укажуваат дека постојат поединечни микроби кои можат да влијаат на когнитивните способности, додека заразените лица се здрави.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1