Неодамна откриената амајлија која претставува комбинација од фрагменти од Стариот и Новиот завет испишани на папирус дава интересен увид во раниот период од христијанството
Историчараката и професорка Роберта Маца 1.500 години стариот папирус го пронајде додека работеше во библиотеката на Универзитетот во Манчестер „Џон Рајаландс” и веднаш сфатила дека станува збор за важен историски документ. Меѓу првите зборови кои ги дешифрирала бил зборот „мана“ (леб небесен, Божји леб), а бидејќи го превела и останатиот дел од текстот сфатила дека тој претставува некој вид амајлија која треба да штити од злото.
Амулети или амајлии се предмети за кои се верува дека имаат посебна моќ, дека го штитат сопственикот и дека му носат среќа.
– Денеска мислиме дека Библијата е непроменливо дело во кое секој збор е на своето место. Предмети како овој ни зборуваат дека знаењето во библијата многу повеќе се пренесувало усно, преку литургии, молитиви и амулети, отколку со читање на самата книга – објаснува Маца.